четврток, 26 ноември 2026
Најново

Погача, сол и вино- Коњаниците стигнаа во Крушево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Стотина учесници во неколку коњаници денес пристигнаа во Крушево и беа пречекани со погача, сол и вино, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски им посака топло добредојде.
– „Пристигнаа коњаници од неколку правци во државата и со тоа ја продолжуваме традицијата од неколку децении. Повикувам на заедничко и достоинствено одбележување на овој голем празник кој им припаѓа на сите граѓани“, изјави градоначалникот Томе Христоски.


По пречекот на коњаницата во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ беа отворени изложбите „Крушевска одаја“ на здруженијата „Крушевска жена“, Здружение за угостителство и туризам“ и здружение за хумани односи, и „Уметнички мозаик“ на здружението АН – БЛОК“.

Поврзани вести