ПОГАЧИ СО СИРЕЊЕ ПОДОБРИ ОД ПЕКАРА: Вкус што ќе го паметите

Ќе ви треба:

250 г брашно10 г прашок за пециво1 лажичка сол200 мл јогурт50 мл масло150 г рендано сирење1 јајце за премачкувањесусам или ким за посипување

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад измешајте го брашното, прашокот за пециво и солта. Одделно измешајте го јогуртот и маслото, потоа додадете ги во сувите состојки и замесете мазно тесто. Потоа додадете го ренданото сирење. Развлечете го тестото на дебелина од околу 1,5 до 2 сантиметри и со чаша исечете ги погачите. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Потоа премачкајте ги со изматено јајце и наросете ги со сусам. Печете ги околу 20 минути, во рерна претходно загреана на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: