Погледнете го моментот кога украинска ракета го погоди божиќниот пазар во Белгород, запалени автомобили, урнати згради и чад на сите страни

Еден од проектилите паднал на лизгалиштето во Белгород, кое тогаш било отворено.

Украинските вооружени сили во саботата попладне извршија напад врз рускиот град Белгород.

Руското Министерство за вонредни состојби извести дека во нападот загинале најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, а 108, од кои 15 деца, биле повредени.

Премиерот во вештачка кома, изгуби многу крв! Позната е состојбата на Роберт Фицо по операцијата (Видео)
Словачкиот премиер Роберт Фицо се наоѓа во болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран откако беше ранет во пукање по седницата на Владата што се одржа во …
Победи за Манчестер Јунајтед и Челзи
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Челзи победија во последните натпревари од 34.коло на англиската Премиер лига. На „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед го совлада Њукасл со 3:2, а со …

Според некои информации, ова е прв напад од украинската страна врз цивилни цели во Русија.

Фотографиите објавени на интернет покажуваат запалени автомобили, згради со скршени прозорци и црн чад што се издига од некои згради.

Еден од проектилите паднал на лизгалиштето, кое во тоа време било отворено. Наводно е погоден и Државниот технички универзитет во Белгород, објави телеграмск каналот База.

Ова беше втор напад на Белгород за два дена. Вечерта на 29 декември, локалните власти информирале дека одбранбените системи собориле „неколку воздушни цели“ кои се приближувале кон градот. Наводно, во нападот едно лице загинало, а четворица се повредени.

Украина официјално не го коментираше нападот. РБЦ Украина напиша дека украинските „безбедносни и одбранбени сили“ ги извршиле нападите и дека тие биле насочени кон воени цели. Изворот за РБЦ Украина изјави дека тоа е „општа мерка која е последица на варварското гранатирање на Днепро, Харков и Одеса и убиства на цивили“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот на Белгород во кој загинаа 14 лица нема да помине „неказнет“, обвинувајќи ја за нападот украинската армија.

„Тој напад нема да остане неказнет“, објави Министерството на Телеграм, уверувајќи дека руските сили успеале да пресретнат два проектили и „повеќето“ од ракетите лансирани кон градот.

Рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за нападот врз станбените области на градот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските новински агенции.

Украина, која беше нападната од Москва во февруари минатата година, редовно извршува напади врз цели во Русија, особено во областите блиску до нејзината граница, но бројот на жртви обично е помал.

Киев сè уште не реагираше на руските обвинувања по нападот во саботата.

Регионот Белгород, кој граничи со северна Украина, цела година е изложен на гранатирање и напади со беспилотни летала, за кои властите ја обвинуваат Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.