Погледнете кои кардинали се кандидати за Папа

Еден од овие кардинали ќе биде наследник на Папата Бенедикт XVI. Во продолжени може да прочитате и на кој начин се избира новиот Папа, односно како се избира Папа во последниве 700 години.
 
Начинот на кој се избира Папа
Начинот на избор на Папа не е променет во последните 700 години. Оваа година откако Папата Бенедикт XVI си даде оставка, постапката останува иста. Тој одреди откако ќе помине 28. Февруари да започне постапката за избор на нов Папа.  Изборот на Папа се нарекува конклава.
Коклава доаѓа од латинскиот збор “conclave”, што во превод значи соба која се “држи под клуч”. Од тоа може да се заклучи дека стнува збор за многу тајна постапка.
Најрано 15 а најдоцна 20 дена од заминувањето на поранешниот Папа, се одржува собирот на Кардиналскиот збор. Во него членуваат најмногу 120 кардинали со право на глас, оваа година него ќе го составуваат 118 кардинали. Имено, право на глас ќе имаат оние кардинали кои се на помлади од 80 година, а во сегашниот состав ги има 91 кардинал со право на глас.
Повеќе кругови на гласање
Самиот избор е таен, но процедурата е позната. Кардиналите се затворени во Сикстинската капела се додека трае постапката. За да еден Папа биде избран потребно е да има подршка повеќе од  две третини од гласовите на  кардиналите. Првиот ден се одвива само еден круг на гласање, а секој нареден ден по два круга на гласање. Секој кардинал добива лист на кој рачно но внимателно за да не биде препознаен неговиот ракопис го пишува името на кардиналот што сака да биде избран за Папа.
Постапката игла, конец и гласачко ливче
Задолжениот за пребројување на гласачките ливчиња откако ќе заврши со пребројувањето, сите гладачки ливчиња ги прободува со игла, и така низ сите заедно провлекува конец, па ги пали. Се зависи од тоа како каков чад ќе излезе од ливчињата, доколку тоа е црн чад изборот продолжува, а доколку е бел тогаш одлуката е конечна и новиот Папа веќе е избран.
Habemus papam!
Откако ќе излезе белиот чад од Сикстинската капела , конклавата е завршена, избран е новиот Папа. Тогаш се употребува фразата “habemus papam” и се изговара името на новиот Папа. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Еден од овие кардинали ќе биде наследник на Папата Бенедикт XVI. Во продолжени може да прочитате и на кој н

Пронајдете не на следниве мрежи: