Погледнете ја Северина во Штип

Вчера Штип беше претесен да ги собере сите што беа дојдени на Северина Огнометот, кој беше спектакуларен . Познатата хрватска пејачка имаше настап во 23 часот , а претходно бенодови свиреа песни од бившите ЈУ простори.

Хрватскaта пејачка Северина, беше главното музичко име на традиционалната штипска „Пастрамајлијада“, која се одржува уште утре.На манифестацијата настапија Влатко Стефановски, групата „Ван Гог“, Северина, „Амадеус бенд“ и уште неколку македонски пејачи, рече Кирил Панајотов од Општина Штип .Во петок од 21 часот кога беше пресечена џиновската пастрамајлија, музичкиот програмски дел го отвора Кристина Арнаудова-Петровски. По неа настапуваа Влатко Стефановски и Дани Димитровска, а на крајот, околу 23 часот белградската група “Ван Гог“.Вчера вечерта  се отвори со двајца штипјани Зоран Илиев и Јоце Панов, а по нив настапуваше хрватската ѕвезда Северина. Денес  вечерта ја отвора “Либеро бенд“. Следуваат настапи на Мирза Селимовиќ и Амаедус бенд, како завршна програмска  група, рече Панајотов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.