Подготвени за одмор: Ова се најчестите пет прекршоци за кои се казнува

одишните одмори веќе почнаа, а со тоа и заминувањето на море. Грција, Црна Гора, Хрватска, Бугарија… се дестинациите каде што најчесто се оди и кои се најпопуларни кај туристите од Балканот.
Голем дел од туристите патуваат со свои автомобили, а кога се во прашање сообраќајните прописи се однесуваат како да се во сопствената држава.
Сепак, тоа може да ги чини скапо. Затоа е многу важно да се знаат некои работи и особено да се нимава на нив. Кршењето на истите може да бидат причина за голема казна, па место одмор да се дојде до несакани нервози.
Во секоја држава казните изнесуваат различно, а петте најчесто кршени правила ќе можете да ги видите во продолжение. Меѓу државите е и Македонија која е меѓу поевтините кога се во прашање казните.


1.ВОЗЕЊЕ СО ПОГОЛЕМА БРЗИНА ОД ДОЗВОЛЕНАТА
МАКЕДОНИЈА – од 20 до 300 евра
ГРЦИЈА – од 40 до 750 евра
ЦРНА ГОРА – од 450 до 2.000 евра
ХРВАТСКА – од 40 до 2.029 евра
БИХ – од 15 до 511 евра
БУГАРИЈА – од 5 до 76 евра или одземање на дозволата
2.ВОЗЕЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ
МАКЕДОНИЈА – од 250 до 400 евра
ГРЦИЈА – од 78 до 625 евра (во зависност од промилите)
ЦРНА ГОРА – од 70 до 2.000 евра или одземање на дозволата.
ХРВАТСКА – од 135 до 2.029 евра
БИХ – од 200 до 500 евра
БУГАРИЈА – од 102 до 306 евра или 1022 евра (повторен прекршок).
3.ВОЗЕЊЕ БЕЗ БЕЗБЕДНОСЕН РЕМЕН
МАКЕДОНИЈА –20 евра
ГРЦИЈА – 350 евра
ЦРНА ГОРА – од 40 до 100 евра
ХРВАТСКА – од 67 евра
БИХ – од 30 до 70 евра
БУГАРИЈА – од 25 до 50 евра.
4.КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ЗА ВРЕМЕ НА ВОЗЕЊЕТО
МАКЕДОНИЈА – 45 евра
ГРЦИЈА – 100 евра
ЦРНА ГОРА – 60 евра (или во зависност од расположението на полицаецот)
ХРВАТСКА – 67 евра
БИХ – 50 евра
БУГАРИЈА – 25 евра.
5.НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ
МАКЕДОНИЈА – 45 евра
ГРЦИЈА – од 40 до 80 евра и носење на автомобилот
ЦРНА ГОРА –60 евра и носење на автомобилот.
ХРВАТСКА – 60 и носење на автомобилот
БИХ – 40 евра и носење на автомобилот.
БУГАРИЈА – од 5 до 30 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.