четврток, 26 ноември 2026
Најново

Поднесена Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Крива Паланка

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поднесена Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Крива Паланка

МВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Арсенчо Алексовски (59), К.П.(54), А.А.(67), сите oд Крива Паланка и О.П.(60) oд Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според полицијата, Алексовски од 01.08.2011 до 2018 година, во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, не постапил по oдобрението за поставување на урбана опрема, издадено од општина Крива Паланка, односно без да се отстрани урбаната опрема во предвидениот период наведен во oдобрението и aнекс-договорот за закуп и без да се прибави ново oдобрение, биле склучени нови договори за закуп на предметната урбана опрема со правно лице од Крива Паланка.

Второпријавениот и третопријавениот, во својство на овластени градежни инспектори во општина Крива Паланка не извршиле ниту еден инспекциски надзор и не презеле законски мерки согласно нивните работни задачи.

Исто така, четвртопријавениот, како овластен градежен инспектор, не презел законски мерки за отстранување на урбаната опрема, туку на 12.03.2020 донел решение за отстранување, по извршен инспекциски надзор по барање за поведување на постапка за дислокација на објекти од 04.03.2020 на општина Крива Паланка, поради реализација на урбанистички план со издадено решение за реконструкција и заедно со прво, второ и третопријавениот прибавиле материјална корист за општина Крива Паланка во вкупен износ од над 780.000 денари.

Поврзани вести