Поднесено обвинение против судијата Ѓоко Ристов, во чија куќа беа пронајдени 350.000 евра

Обвинителството за организиран криминал и корупција информира дека денес е поднесено обвинение против апелациониот судија Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа беа пронајдени скриени во ѕид 350.000 евра. Обвинението доаѓа по признанието на адвокатот Фехми Стафа, кој прифати затворска казна од една година и три месеци, бидејќи примил поткуп од 50.000 евра, што требало да влијае врз судијата Ристов да го ослободи неговиот клиент Љупчо Пецов – Ѓаволот од притвор.

„За време на детална истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги обезбеди сите докази со кои се потврдуваат основите за сомневање дека обвинет кој врши јавни овластувања – адвокат – побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за посредување користејќи го своето реално влијание врз судија на Апелациониот суд во Скопјe за укинување на мерката притвор изречена на лице кое тогаш било недостапно за органите на прогонот.

Соочен со доказите на обвинителството, обвинетиот целосно ги призна наводите во обвинителниот акт, по што побара спогодба за износот на кривичната санкција.

Врз основа на постигнатиот предлог-спогодба за признавање на вина во која беа земени предвид сите отежнувачки и олеснителни околности, Основниот кривичен суд во Скопјe вчера донесе одлука со која обвинетиот се осудува на ефективна затворска казна од 1 година и 3 месеци за кривично дело примање поткуп за противзаконито влијание од член 359 став 7 од Кривичниот законик.Со прифаќањето на предложената спогодба за признавање на вина, осудениот сега ги потврди наводите во обвинителниот акт според кои бараните пари биле наменети за влијание врз конкретен судија на Апелациониот суд во Скопјe преку поткуп со цел укинување на мерката притвор“, се наведува во соопштението на ООКК.

Обвинителството вели дека иако во овој конкретен случај адвокатот бил фатен „на дело“ со дел од поткупот и дека парите не стигнале до судијата, јавниот обвинител презел неколку други дејствија и проверки при што, на 18.01.2026 година, во куќата на родителите на судијата во Неготино, пронашол вкупно 350.000 евра, за чие потекло немал докази и не го пријавил.„Парите се пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, вкупно 610 банкноти во апоени од 500 евра и 225 банкноти во апоени од 200 евра, од кои некои биле обележани со рачно напишани износи на средства, скриени во ѕиден простор во тулени шуплини во ѕидот на една од собите.

„Ова покрена основани сомневања дека овој осомничен, во периодот од 10.02.2020 година, како службен судија во Апелациониот суд во Скопјe, прекршувајќи ја законската обврска за пријавување на својата финансиска состојба или нејзината промена, дал лажни информации во врска со својот имот и имотот на неговото семејство и не пријавил имот што далеку ги надминува неговите законски приходи“, додаде ООКК.
The post Поднесено обвинение против судијата Ѓоко Ристов, во чија куќа беа пронајдени 350.000 евра appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: