Подобро да издадеш книга отколку пријател

Читањето стрипови е одлика на секоја генерација, а „Алан Форд“ е еден од омилените стрипови на сите генерации кои некогаш растеле на овие простори.
Денес ве потсетуваме на најдобрите и најлегендарните цитати од овој легендарен стрип.
„Престанете да ми давате милостина, бидејќи сум мртов.“ (натпис над смрзнат просјак)
„Цена? Вистинска ситница?“
„Подобро да издадеш книга отколку пријател.“


„Една ластовичка не прави пролет, ниту пак две.“
„Подобро да испаднеш будала отколку од воз.“
„Ако сакате да победите на трката, морате први да минете низ целта.“
„Ние имаме искуство, а вие пари. На крајот вие ќе останете со искуството, а ние со парите.“
„Крадам од сиромашните за да им дадам на богатите.“
„Подобро нешто од некого, отколку ништо од никого.“
„Купете ѝ цвеќе на саканата жена, но не заборавајте да ѝ купите цвеќе и на сопругата.“
„Подобро да бидеш богат отколку да не бидеш.“
„Не ѝ верувај на жена која лаже.“
„Ние ништо не ветуваме и тоа и го исполнуваме.“ – Партија на Вистината
„Кој спие не е буден.“
„Ако имаш намера да победиш, не смееш да изгубиш.“
„Подобро да живееш 100 години како милионер, отколку седум дена како сиромашен.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.