Под истрага на полицијата и обвинителството неколку портали каде се рекламирала ВМРО – ДПМНЕ

Обвинителството соопшти дека по нивна наредба полицијата влегла во три фирми кои во предизборието на парламентарните избори отвориле наменски интернет портали.

Веб страните немале импресум, адреса, седиште ниту пак ценовник за платено политичко рекламирање. Полицијата се сомнева дека политички партии плаќале за рекламирање на сајтови кои се нови и немаат посети.

Неофицијално документи се одземени од фирми каде се рекламирала ВМРО – ДПМНЕ а станува збор за порталите – srekja.mk, lady.mk, gradina.mk, indigo.mk, ekran.mk, visitskopje.mk, biznisvesti.mk и times.com.mk.

Полицијата влегла по допрен глас и сомневање дека овие фирми се отворени наменски за да им се префрлат пари за изборите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.