Нови пониски цени на горивата од полноќ. За половина денар се намалуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и дизелот, а се намалува и цената на мазутот.
Регулаторната комисија за енергетика денеска ги донесе новите цени на горивата и согласно нивната одлука Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 70 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за два денари повеќе односно по цена од 72 денари за литар. Новата цена на дизелот од полноќ ќе биде 64,5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,848 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 32,801 денар за килограм.
Единствено непроменета останува цената на Екстра лесното масло за домаќинство.


