Пожарникарите едвај го извадиле од возилото – страотна сообраќајка во Струмица

Рано утринава во 04.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица–Владевци патничко моторно возило „Алфа ромео“ со струмички регистерски таблици управувано од 23-годишниот А.Д. од Струмица, удрило во паркирана приколка на Ј.М.(41) од Струмица.
Во незгодата со повреди се здобил А.Д. кој откако со помош на екипа од Територијалната противпожарна единица Струмица бил изваден од возилото, со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.


Увид извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица.
Во времето од 05.20 до 11.00 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Владевци бил во прекин, поради вршење на увид.
Се работи на целосно расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.