Пожарникарите 12 часа се борат со пожарот кај Ваксинце

Сува трева и нискостеблеста вегетација гори во липковското село Ваксинце. На терен во моментот се три противпожарни возила со осум пожарникари.

– Пожарот кај нас е пријавен во 11:40 часот. Две екипи од почетокот на пожарот се таму. Постојано се разгорува и локализира. Во моментот пожарот е меѓу селата Ваксинце, Лојалне и Речица, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Големиот пожар вечерва е видлив од Куманово, а во делови од градот се шири и миризба на чад.

Пронајдете не на следниве мрежи: