Пожар во депонијата Дрисла, не било опасно смирува Ангелов

Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла, објави попладнево во Вибер група, Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.

„Повеќе информации од командатот на БППЗ Скопје, Звонко“, додаде Ангелов (Пожарна ).
Ангелов вели дека пожарот  не е алармантен. Пожарникарите на  Скопје работат на негово гаснење.
Сепак,гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови, посочи Ангелов.
Праксата покажува дека многу тешко се гасат вакви пожари и затоа мегу другото тие кои стопанисуваат депонии како што е Дрисла мора да имаат сериозно обезбедување и високи стандади во работењето. Опасно е загадувањето кое се предизвикува и затоа целосната одговорност е на тие кои стопанисуваат со депонијата Дрисла.

Пронајдете не на следниве мрежи: