четврток, 26 ноември 2026
Најново

Пожар во куќа во Кочани, мајка и ќерка завршија во болница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пожар изби во семејна куќа во Кочани, а мајка и ќерка завршија во болница поради вдишување чад и изгореници.

„Во ОВР Кочани е пријавено дека во Кочани настанал пожар во куќа, сопственост на А.М.(50) од Кочани. При гасењето на огнот, 43-годишната О.С. вдишала чад и се здобила со изгореница на раката, додека нејзината 17-годишна ќерка вдишала чад, по што двете биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош“ соопшти СВР Штип.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани вести