Најмалку три лица загинаа во пожар што избувна во дом за стари лица во близина на Париз во саботата .Осум други лица се повредени во пожар во резиденција лоцирана во градот Бафемонт.„Ова е сериозен настан за нашиот град“, рече градоначалникот Мишел Лаку. „Изгледа дека се работи за несреќа “ .Лаку рече дека пожарот е под контрола во резиденцијата, во која живеат 75 постари жители.Во изјава за ТВ БФМ, тој рече дека се верува дека пожарот започнал во перална и се проширил на дел од третиот кат на зградата.Командантот Адриен Понин-Синапајен, портпарол на француската агенција за цивилна одбрана, изјави дека пожарот бил изгаснат откако 140 пожарникари биле распоредени на местото на настанот вели Д.П
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.