Во попладневните часови избил пожар во близина на Психијатриската болница во Бардовци, подрачје кое припаѓа на Скопскиот регион. Од информациите што се обезбедени, станува збор за оган кој зафатил парцела на која биле паркирани стари возила. Според податоците добиени од Скопската Противпожарна служба, во пламените се нашле пет возила, но среќа во несреќа, нема повредени лица и самиот објект на болницата останал недопрен. “Пожарот успешно е саниран. На терен беа испратени четири противпожарни возила заедно со десет пожарникари кои реагирале ефикасно. Инцидентот се однесуваше на стари модели автомобили што служеле за продажба на делови”, изјавија од противпожарната служба.
Пронајдете не на следниве мрежи: