Пожар и на Закинтос

На грчкиот остров Закинтос претпладнево избувна пожар, пламенот зафатил пошумено подрачје и во тек е неговото гасење. Грчката противпожарна служба се обидува со 17 пожарникари, осум возила, три авиони и еден хеликоптер да го стави под контрола пожарот што избувна во областа Лагадакиа, во централниот дел на грчкиот остров Закинтос, jави дописничката на МИА од Атина. Командирот на Противпожарната служба на Јонските острови, Андреас Ризос, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека се прават натчовечки напори за пожарот да се стави под контрола.
Грчките пожарникари со огнените јазици се борат на уште две локации во Грција, а ниту еден од трите активни пожари во Грција, сѐ уште не е ставен под контрола.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.