Денеска попладнево изби пожар кај ресенското село Долно Дупени, во близина на Преспанско Езеро.
Пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаја да ги спасат викендиците и куќите од селото, огнот се движи кон непристапен терен, соопшти Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.
Тој додаде дека два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа, а поради температурни ограничувања во 16.30 ќе полета и еден полициски хеликоптер.
Пожарникарите добиле помош од локалното населние.
Нема опасност по куќите од селото и околните викендици, нагласи Ангелов



