Вечерва нов пожар во Македонија, гори Скопска Црна Гора.
Продолжуваат да беснеаат пожарите низ државата, вечерва е забележан нов пожар во Скопје, гори на Скопска Црна Гора.
Последното известување на Центарот за управување со кризи беше дека до 20:00 часот на територија на Македонија има вкупно 24 пожари на отворен простор од кои 4 активни, 2 под контрола и 18 изгаснати.
Претходно денес се запали депонијата Дрисла, која сѐ уште гори.




