понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Пожар ноќеска избувнал во куќа во охридската населба Кошишта, нема повредени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Навремената интервенција на пожарникарите, како што се наведува, спречила огнот од опожарената куќа да се прошири на другите објекти во близина

Пожар ноќеска избувнал во станбена куќа на улицата „Андон Дуков“  во охридската населба Кошишта, јави МИА. Дојавата за пожарот, според информациите, Територијалната противпожарна единица Охрид ја добила ноќеска, 35 минути по полноќ, и веднаш испратила четири противпожарни возила и седум пожарникари.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Илустративна фотографија / Фото: Архива

Навремената интервенција на пожарникарите, како што се наведува, спречила огнот од опожарената куќа да се прошири на останатите објекти во близина.

Во пожарот, освен материјална штета, нема повредени лица.

Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе ги утврдуваат екипи на надлежните институции.

– Реклама –

Поврзани вести