Познатата српска пејачка можеше да ја избегне смртта- таа дури била предупредувана дека момчето еден ден ќе и пука во глава!

Познатата српска пејачка која трагично беше убиена од своето момче кое потоа се самоуби пред два дена ќе наполнеше 42 години, а само два дена по нејзиниот роденден познат српски астролог тврди дека таа можела сега да биде жива.
Пејачката Ксенија Пајчин која беше убиена од своето момче Филип Капизода кое потоа се самоуби во истиот стан била во неколку наврати предупредувана дека би можела да биде убиена, но тоа таа не го сфаќала како закана.


Имено познатиот српски астролог Душан Величковиќ вели дека Ксенија би можела да ја избегне трагичната смрт ако го оставела Филип.
-Има многу луѓе кои ги послушуваат советите, сакаат да ја кренат рачната и да избегнат да предизвикаат трагедија. Таа не сакаше, бидејќи експериментираше со својот живот. Таа имаше состојба во која како да живееше од претходниот живот, како Ромео и Јулија во овој живот, па така заврши и нивната приказна, бидејќи Марс е агресија, нож, куршум во срце, а срце е лав. Луѓето кои не добиваат куршум во срцето обично со оваа судбина настрадуваат од некој силен срцев удар, раскажува астрологот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.