Позната брзината со која се движел автобусот непосредно пред несреќата

Досегашното вештачење нема утврдено техничка неисправност на автобусот што пред два дена излета од патот кај село Ласкарци, пренесува „Алсат“.
Како што дознава телевизијата, истрагата се води во два правци.
Eдниот утврдува објективни причини за несреќата, како на пример, дали можеби возачот ја загубил контролата над автобусот во обид да избегне судир со друго возило или пак, возел со неприлагодена брзина.


Утврдено е дека непосредно пред несреќата автобусот се движел со брзина од 80-85 километри на час.
Се утврдуваат и субјективните причини кои би можело да се причина за сообраќајката, пред сè, здравствената состојба на возачот, односно можноста неговото внимание, поради различни причини (телефон, пиење вода и сл.) да било оттргнато од патот.
Истрагата што ја спроведува група експерти од машинскиот факултет продолжува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.