недела, 22 ноември 2026
Најново

Позната пејачка во џемпер каков што носеле нашите баби: Домашното издание ги излуди фановите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поп-ѕвездата Лејди Гага објави видео од неа како се шминка во својот дом, а погледите на сите беа привлечени од нејзиниот џемпер, кој неодоливо потсетува на оние од плакарите на нашите баби.

Лејди Гага , која се повлече од јавноста  по завршувањето на турнејата „Mayhem Ball“ и раѓањето на нејзината ќерка Роуз, ги изненади своите обожаватели  со видео од нејзината утринска рутина за шминкање.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во видеото што го нарече „Home Glamour“, уметницата го демонстрираше процесот на шминкање чекор по чекор. Сепак, вниманието на јавноста го привлече и последниот детаљ од видеото, кога наместо екстравагантните креации по кои е позната, таа носеше ретро волнен џемпер каков што носеа нашите баби. 

Ваквите џемпери биле многу популарни и во поранешна Југославија, па затоа веднаш се поврзуваат со детството и некои минати времиња. Тие припаѓаат на култен тренд што се носи низ целиот свет – најчесто на Балканот, во Западна и Северна Европа и во земјите од Јужна Америка.

Обожавателите од целиот свет веднаш почнаа да коментираат, па видеото на пејачката веќе има повеќе од 10.000 коментари и речиси половина милион лајкови.

Инаку, ова е една од ретките реклами на поп-ѕвездата откако во јули ја доби ќерката Роуз со својот партнер Мајкл Полански, со помош на сурогат мајка. Извори блиски до познатиот пар наведуваат дека 40-годишната ѕвезда е целосно посветена на најважната улога во животот.

Додека шпекулациите за нејзиното мајчинство продолжуваат во домашните и меѓународните медиуми, Лејди Гага покажува дека мирното семејно пристаниште сега е нејзин приоритет и дека наоѓа нова инспирација во новите стилски предизвици и мајчинството.

Поврзани вести