Позната причината зошто Брижит Макрон ја нема во јавност

Првата дама на Франција, Бриџит Макрон, како што пренесуваат француските медиуми, неодамна во најголема тајност посетила приватна клиника во Париз каде имала естетски зафати. Таа е постара од споругот Емануел 25 години.
Последен пат во јавноста таа се појави на воената парада во јули. Само два дена подоцна Бриџит отишла во клиниката American Hospital of Paris на колсултации со лекарите, а хируршките зафати ги направила, веднаш наредниот ден.
Операцијата поминала без никакви проблеми и првата дама уште истата вечер ја напиштила клиниката, наведуваат француските медиуми, додавајќи дека оттаму таа заминала во една од претседателските резиденции каде останала два дена за да се опорави.
Естетските зафати, наведуваат медиумите, се причина што Бриџит ја нема во јавноста.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.