Познатиот македонски пејач се огласи од Џенова: Денеска требаше да поминам на тој мост!

Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски кој живее и работи во италијанскиот град Џенова, се огласи денеска на социјалните мрежи, да соопшти дека е добро откако се случи несреќа на фреквентен автопат во градот во кој живее.
-Ви благодарам на сите за пораките. Jас сум добро, дома сум шокиран. Денеска требаше да поминам на тој мост, напиша Нацоски.


Делот од автопатот А10 во пристанишниот град Џенова се урна рано утрово.
Службите за итни случаи се наоѓаат на местото на настанот, а се стравува дека во моментот на падот на мостот се наоѓале повеќе автомобили и дека има повредени.
Италијанскиот министер за транспорт Данило Тонинели изјави дека станува збор за огромна трагедија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.