Поранешниот играч во Премиер лигата, Дејвид Дан, ги прекинал сите контакти со својата ќерка Миа, откако открил како таа заработува.Поранешниот фудбалер на Блекбурн Роверс, Дејвид Дан , со повеќе од 250 настапи во Премиер лигата, ги прекина сите контакти со својата ќерка Миа Винвард-Дан, откако откри дека таа заработува повеќе од 100.000 евра месечно на OnlyFans . View this post on Instagram A post shared by Mia Kate Rose (@miakaterose)Миа, која сега има 19 години, се најде на насловните страници во Велика Британија откако во интервју за The Sun откри дека нејзиниот однос со нејзините родители – Дејвид и актерката Семи Винворд – целосно се распаднал кога дознале дека таа создава содржина на платформа за возрасни.„Тато ме нарече телефонска проститутка“Миа тврди дека заработува и до 100.000 евра месечно од нејзината содржина, но тој успех ја чинел врската со нејзините родители.Се обидов да им објаснам на моите родители, но тие ме навредуваа и ми го блокираа бројот“, рече таа. “Татко ми ме нарече телефонска проститутка. Веќе немам никаков контакт со него. Срамота е тоа што го прават”, додала Миа.И покрај тешките зборови, Миа инсистира дека сепак сака да ја поправи врската.🚨 Ex-prem star’s daughter opens up on feud after joining On**fansShe claims to earn 100k a month 💰🤑 pic.twitter.com/nm7tOwqPYO— Football Banter (@0FootballBanter) January 25, 2025“Им испратив порака, им се извинив и им објаснив дека немам лоши намери. Ги сакам моите родители. Можеби тие не ме сакаат мене, но јас ги сакам со целото мое срце”.“Мислам дека не е правилно да се отстрани член од семејството и да се навредува. Имам само 19 години – само што го започнувам животот”, рекла Миа.Инаку, Дејвид Дан своевремено важеше за еден од најдобрите таленти од средниот ред во англискиот фудбал. Во Премиер лигата забележа 251 настап и постигна 37 гола, најмногу за Блекбурн Роверс, каде го освои Лига Купот во 2002 година.Откако се пресели во Бирмингем Сити во 2003 година, повредите го забавија неговиот напредок, а на крајот се врати во Блекбурн во 2007 година.Тој и актерката Семи Винворд, позната по улогата во Емердејл, се верија и се роди нивната ќерка Миа. Ден има уште три деца со неговата сопруга Хејли.