Поранешната ѕвезда на НФЛ Серџо Браун е уапсен под сомнение дека ја убил својата мајка.
Браун исчезна по смртта на неговата мајка, но полицијата го пронајде и го уапси по повеќенеделна потрага. Овој 35-годишен спортист е уапсен во Сан Диего при влез во Америка од Мексико.
Неодамна случајно беше откриено дека се забавувал во ноќен клуб во Мексико, во моментот кога по него била распишана потерница.
- Што се случува со шеќерот во крвта кога пиете овошен сок?
- Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и ДЗС молчат
- Луис Енрике нема дилема: Овогодинешниот освојувач на Златната топка мора да биде играч на ПСЖ
- (Видео) Филипче: Глигоров има историски заслуги за независноста по мирен пат
- Зошто соодветната хидратација е клучна за најважните функции во вашето тело
73-годишната мајка на Серхио е пронајдена мртва под мистериозни околности. Според американските медиуми, телото на Миртл било пронајдено на 16 септември во поток кој тече во близина на куќата во која живеела со синот.
Потрагата ја иницирало семејството по пријавување на исчезнувањето на мајката и синот.
Обдукцијата потврдила дека Миртл починала како последица на нејзините физички повреди.
Серхио Браун ги помина од 2010 до 2016 година во НФЛ. Играше за Њу Ингланд Патриотс, Индијанаполис Колтс, Џексонвил Јагуарс, Атланта Фалконс, Бафало Билс.
Пронајдете не на следниве мрежи:



