Покажа дека сте здебелила за време на пандемијата, па добива закани по живот – ова видео на многумина им се допадна, но…

Корисничката на TikTok, Клои Ксандрија, сакала преку видеото да покаже дека е нормално да се здебелиш неколку килограми додека светот е во пандемија, а спортските сали се затворени.
Нејзиното видео собра со милиони прегледи, но имало и такви кои биле длабоко навредени од она што го виделе.
Клои во видеото признава дека порано се борела со нарушување во исхраната, но денес е многу поздрава. Таа посочи дека е време да се нормализираат природните тела на човекот.
Додека многумина ја фалеа за пораката, други ја навредуваа дека е дебела, па дури и се закануваа дека ќе ја убијат.

@chloe_xandriaYou can still look hot while fueling your body. ##bodypositivity ##bodypositive ##normalizeallbodies ##embracedifferent

♬ original sound – carson


“Добив бројни смртни закани затоа што ги објавив тие снимки, и покрај тоа, многумина ме навредуваат мене и моето семејство. Затоа ги исклучив коментарите на тоа видео. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми дадоа поддршка и љубов, ќе продолжам да се борам за нормализирање на сите облици на телото “, рече таа.
На видеото таа покажа како изгледа денес и како изгледала на почетокот на оваа година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.