Пред денешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на Европската Унија, се очекува сите пофалби да бидат упатени кон Црна Гора и Албанија, додека ќе има малку нови случувања за Северна Македонија и Босна и Херцеговина.
Во меѓувреме, за Србија се очекува извештај со многу критички тонови – пишува порталот „Политико“ од Брисел.
Според „Политико“, европската комесарка за проширување, Марта Кос, ќе го претстави проширувањето како клучна геополитичка алатка за Европската Унија, за да покаже дека „ЕУ реално одговара на предизвиците со кои се соочува низ целиот континент“.
Таа нагласи дека процесот на помагање на земјите на патот кон членство е начинот на кој Европската Унија може да се соочи со силите што имаат за цел да нè дестабилизираат.
The post Политико: Пофалби за Црна Гора и Албанија, мал оптимизам за Македонија во извештајот на ЕУ appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



