Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е двајца полицајци, членови на единицата за интервентна полиција, добиле кривична пријава откако, апсејќи човек во Скопје во три часот наутро, употребиле преголема сила и му нанеле повреди.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 околу 3 часот, при вршење службени дејствија, употребиле прекумерна физичка сила и нанеле повреди на лице лишено од слобода“, соопшти МВР.
Против двајцата полицајци ќе биде поднесен предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работната дисциплина, велат од полицијата.



