четврток, 12 ноември 2026
Најново

Полициска акција во Берово, Пехчево и Делчево – се апсат вмешани во „шумска мафија“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Голема полициска акција од синоќа се спроведува во Берово, Пехчево и Делчево. Информациите се дека се работи за разбивање на организирана криминална група која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина.

Според засега неофицијалните информации, меѓу приведените се и актуелен директор на ЈП „Македонски шуми“ и актуелен началник во полицијата, како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Информациите кои ги пренесоа дел од медиумите се дека меѓу приведените се и службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделство, како и сопственици на правни субјекти.

Се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.

Од МВР најавија повеќе информации во текот на денот.

Поврзани вести