Во акција на Бирото за јавна безбедност синоќа беа приведени неколку лица во Скопје и Куманово, меѓу кои и Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за матични книги и кадар на ДУИ.
Акцијата е спроведена под раководство на Основното јавно обвинителство, поради сомневање за сторени кривични дела од финансиско-економска природа.
За ова денес беше прашан и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„МВР во текот на синоќешната вечер, утрово и во текот на денешниот ден постапува во координирана акција, во чии рамки подолг временски период се преземаат процесни дејствија, по насоки од ОЈО НКOК. Во текот на денешниот ден ќе дадеме повеќе информации кои се од јавен интерес, но преземаме дејствија во насока на лишување од слобода на лицето кое го споменавте“, рече Тошковски.



