Полицискиот хеликоптер денеска фрли повеќе од 30 тони вода врз дел од пожарите
Денеска (08.09.2025) полицискиот хеликоптер Бел 412 беше ангажиран во два наврати за гасење пожар во реон на с. Русиново и во реон на с. Никуштак на Скопска Црна Гора и притоа исфрли преку 30 тони вода.
Продолжуваат активностите на полициските хеликоптери и во наредните денови, се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.



