четврток, 12 ноември 2026
Најново

Полицискиот час ќе трае од 21 до 6 часот, ќе се применува од утре!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Полициски час од 21 – 06 часот наутро е најновата мерка што вечерва ја изгласа Владата по предлог на Комисијата за заразни болести, пропратено со дополнителни мерки, рече на прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Погодивме! Се воведува ПОЛИЦИСКИ ЧАС од утре

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Се работи за опстанокот на граѓаните, на економскиот систем и на државата“, порача техничкиот премиер Оливер Спасовски во обраќањето до граѓаните придружуван од вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Ова е прв пат во историјата на нашата држава да се воведе ваква мерка.

„Веќе ништо не е исто, животот радикално се пронмени кај нас и во светот. Тоа бара радикално менување и на нашето секојдневие. Затоа ја донесуваме оваа тешка одлука врз основа на стручно мислење на Комисијата за заразни болести, согласно нивните наализи за пренесување на коронавирусот, и за да се спречи негово ширење“, рече Спасовски.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И ОВА НА ТЕМА:

Нови 793 починати во Италија поради КОРОНА ВИРУСОТ

Поврзани вести