Полицискиот час ќе трае уште две недели? Трговските центри со скратено работно време- ова се деталите

Полицискиот час да биде на сила уште две недели до 23 мај, но од следната недела да почнува од 21 часот предлага Комисијата за заразни болести до владата.
Ограничувањето на движењето неделава да остане исто како и досега, но од следната недела полицискиот час да почне од 21 часот.


Информациите се засега неофицијални, а Комисијата се очекува да ги објави утре.
Трговските центри и кафеаните да работат од 10 до 18 часот освен во недела, со посебен протокол. Пробувањето на облека во трговските центри ќе биде забрането.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.