ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 17 ЧАСОТ- еве кога се очекува да се прогласи и кризна состојба во земјава!

Полициски час од 17 или од 18 часот, дополнителни ограничувања во движењето и собирањето на граѓаните или во работењето на економските оператори. Вакви мерки треба да се очекуваат во наредните денови, заради подобро справување со здравстената криза. Но, заради подобро функционирање на институциите, како и заради поголема вклученост на армиските потенцијали, веројатно ќе биде прогласена кризна состојба на целата територија.

Ова прашање треба да биде отворено на утрешната седница на Советот за безбедност, на која, покрај редовните членови, е поканет и министерот Венко Филипче. Кабинетот на претседателот Пендаровски соопшти дека ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата од Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.
Од Владата велат дека на вчерашната седница, не е донесен заклучок за кризна состојба. Но, подготвени се за воведување нови мерки до крајот на неделата.
Ова би било прв пат да имаме кризна состојба на целата територија на државата. Адвокатот Глигор Ќатоски, кој направи споредба меѓу кризна и вонредна состојба, вели дека Владата сега нема да има право да носи уредби со законска сила. Голем број надлежности ќе добие Центарот за управување со кризи, во чии капацитети, за жал, многу малку е вложувано изминативе години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.