Полиција деноноќно ги чува осудениците од „Диво насеље“, Ел Чека на нозе го крена „Шутка“

Ел Чека ги крена на нозе сите во Истражниот затвор во Шутка, откако вчера испрати порака до премиерот Зоран Заев дека им се подготвува нешто на тројцата обвинети во случајот „Диво насеље”, кои презедоа одговорност дека стојат зад објавените разговори, дознава „МКД.мк“. За безбедноста на Валдет Зекај, Сами Укшини и Шефќет Калачи, но и на целото притворско одделение, се преземаат зголемени мерки за ппретпазливост.
Дирекоторот на затворот Ѓоко Котевски во изјава за „МКД.мк“ вели дека направени се проверки во сите соби, обиколки на шеталиштата и зголемен е бројот на затворски чувари во една смена.
Ја видов изјавата во врска со тоа дека им се подготвува нешто на овие лице кои се наоѓаат во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Информации за такво нешто до нас нема, ниту пак има некакви закани кои се упатени до затворот.

Согласно последните препораки на Управата за извршување на санкции и препораките за подигање на нивото на безбедност по последните настани со поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, преземени се мерки за поголема безбедност во затворот. Направен е план за прошетки и променети се протоколите и процедурите. Тоа значи дека на прошетка излегуваат притворени лица само од една соба и нема мешање со други соби и се под надзор на полицаец, вели директорот Котевски.
Тој дополнува дека уште во текот на вчерашниот ден Секторот за обезбедување направил проверки на собите и обиколка на шеталиштата,а зголемен е и бројот на затворски чувари и раководни лица. Според првиот човек на Истражниот затвор во Шутка можноста да им се случи нешто на овие лица е сведена на минимум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.