Полнете резервоари, од полноќ поскапуваат горивата

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од 2 до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 72 денари, а Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар. За еден денар се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 53,50 денари за литар.
Зголемување има и кај малопродажната цена на мазутот кој ќе се продава по 34,034 денари за килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,97 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 5,35 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 4,39 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 10,77 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,6238 денари за долар и е за 0,39 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.