Половина од членството на ДУИ нема да гласа за Пендаровски, тврди Таравари

Во синоќешната емисија “Клик Плус“ на ТВ“21“ генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари го испровоцира опонентот од ДУИ, Артан Груби, со изјавата дека половина од партиските членови на ДУИ во првиот круг од претседателските избори нема да гласаат за Стево Пендаровски, туку за Блерим Река. Според него да не беше СДСМ, ДУИ сега ќе имаше градоначалници само во Липково, Сарај и можеби во Кичево.
Река има поддршка од опозициските албански партии Алијансата за Албанците и Беса, додека ДУИ се договори со СДСМ заедно да го поддржат Пендаровски.
За поддршката на ДУИ за Пендаровски, Груби рече дека во 2014 година тој бил партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање било концепт кој ќе го промовира и неговата партија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.