Половина тим на Барса бил на допинг контрола

Европската фудбалска унија (УЕФА) на голема проверка ги стави играчите на Барселона. Како што соопшти клубот на својата интернет страница, десетмина фудбалери биле на анти допинг тест.Играчите врз кои била извршена допинг контролата се: Маскерано, Батра, Дос Сантос, Пинто, Алексис Санчез, Адриано, Бускетс, Пујол, Педро и Дани Алвеш.Барселона во сабота во Примера ќе игра против Мајорка, но поради огромната предност на табелата во однос на Реал, навивачите на клубот, многу повеќе размислуваат за четвртфиналниот реванш со ПСЖ во Лигата на шампиони, кој ќе се одигра на 10.април.Маскерано и Меси поради повреди не го завршија првиот натпревар, првиот би требало да паузира околу шест недели, додека последните прогнози за Меси се охрабрувачки.Според последните информации од Барселона, Меси ќе биде меѓу играчите кои ќе конкурираат за место во тимот, но натпреварот ќе го започне од клупата за резерви, а во игра ќе влезе само доколку биде неопходно.
МакфаксЕвропската фудбалска унија (УЕФА) на голема проверка ги стави играчите на Барселона. Како што соопшти клубот на својат

Пронајдете не на следниве мрежи: