Полското Министерство за надворешни работи денеска испрати протестна нота до руската амбасада во Варшава поради дрон кој паднал и експлодирал на полска територија, изјави портпаролот на министерството, Павел Вронски.
Во нотата, која ќе биде доставена и до руското Министерство за надворешни работи, Варшава укажува на „кршење на полско-рускиот договор за пријателство и соработка, како и на Чикашката конвенција“.
Полските власти го оценија инцидентот како „очигледно непријателски чекор кон Полска и Европската унија“.



