четврток, 12 ноември 2026
Најново

Полска одобри присуство на странски војници во земјата во рамки на НАТО операција

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Варшава – Полскиот претседател Карол Навроцки денеска потпиша декрет со кој се дозволува присуство на странски воени лица во земјата во рамки на операцијата за заштита на воздушниот простор на НАТО на источното крило на Алијансата.

– Претседателот на Република Полска, Карол Навроцки, потпиша резолуција со која дава согласност за присуството на странски трупи од земјите членки на НАТО на територијата на Република Полска како засилување за Полска во рамки на операцијата ’Источна стража“, соопшти полското Биро за национална безбедност на X.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во петокот го објави почетокот на операцијата „Источна стража“ за заштита на воздушниот простор на источното крило на Алијансата, по активирањето на Член 4 поради навлегувањето на руски дронови во полскиот воздушен простор.

Поврзани вести