петок, 27 ноември 2026
Најново

Полски автобус се преврте во Унгарија, при што загинаа 12 лица: Се огласи и Маѓар

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте на автопат во источна Унгарија во текот на ноќта, објави унгарскиот премиер Петер Маѓар во објава на Фејсбук во недела наутро.

Детали за несреќата

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Автобусот паднал во канал и се превртел рано утрово во близина на градот Мезокерештес, на автопатот М3. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓихаза. Државната новинска агенција МТИ објави дека во него имало 57 патници и двајца возачи.

Истрага за причината

Полицијата во соопштението наведува дека автобусот скршнал во канал на рамен дел од патот и се превртел. „Прелиминарните информации укажуваат дека возачот веројатно заспал“, се вели во објава на веб-страницата на полицијата. Потврдено е дека возачот на автобусот е приведен, а сите повредени се однесени во болница.

Поврзани вести