Помалку познати нешта за Влатко Илиевски кои му беа во срце

Помина повеќе од една недела откако Влатко Илиевски стана ѕвезда која сјае од небото и за голема жал ги напушти семејството, саканите, пријателите, роднините, колегите, обожавателите… а тагата по него и неверувањето не поминуваат.
Тешко се прифаќа фактот дека повеќе го нема, особено кога на радио или ТВ во спомен ќе ги слушнеме и погледнеме неговите песни и спотови. Рапавиот глас кој веднаш ни ѕвони во ушите и не потсетува на ужасната вистина дека Влатче повеќе го нема.


Деновиве во медиумите се појавија многу проштални пораки, но и спотот на песната „До крајот“ кој е снимен пред две години, а Влатко ја чувал за некое друго време.
Инаку, оние што подобро го познаваат или редовно го следеа на социјалните мрежи, занаат дека тој беше сестрана душа на која уметноста и уникатноста му е во секој здив и тоа сакана со цело срце.


Па така, многу ги сакаше уметничките слики со кловнови, а такви имаше и во својот дом.


Влатко беше колекционер на плочи за кои издвојуваше доста.


Во срцето му беа и автомобилите олдтајмери, а особено од марката Мерцедес.


Последна негова активност беше тоа што сакаше да ги украсува труповите на гитарите со апликации од рок пејачи и групи.

Неговиот двор за кој неколкупати пишувавме каде знаеше и да ја покани редакцијата на гости, изгледаше посебно, дел со винтиџ детали, дел со модерни и специфични моменти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.