Поместување на границите: Мбапе веќе постигна повеќе голови во кариерата од Роналдо

Францускиот напаѓач и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е во одлична форма. Тој е убедливо најдобриот играч на Кралскиот клуб, а на 21 натпревар во Ла Лига постигна исто толку голови и додаде четири асистенции.

Фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо објави интересна споредба помеѓу Килијан Мбапе и, според многумина, најдобриот напаѓач на сите времиња, Роналдо, но од Бразил.

Имено, Мбапе има постигнато повеќе голови од Роналдо во својата кариера, а податоците покажуваат дека Французинот има 415 гола на своето конто, додека легендарната деветка има 414 гола.

Треба да се додаде дека Мбапе има 27 години и сигурно ќе ги подобри своите голгетерски перформанси.
The post Поместување на границите: Мбапе веќе постигна повеќе голови во кариерата од Роналдо appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: