Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, ја оцени како неочекувана одлуката на судот да му определи притвор во рамки на истрагата за сомнежи за злоупотреби во постапки за јавни набавки и коруптивни дејствија.
Неговата адвокатка по рочиштето изјави дека станува збор за предмет од финансиска природа и оти одбраната смета дека присуството на осомничените можело да се обезбеди со поблаги мерки.
Одбраната тврди дека на рочиштето не ѝ биле презентирани доказите на кои се повикува Обвинителството, туку само било соопштено дека такви докази постојат. Жалбата на решението за притвор, според најавата на адвокатката, треба да биде поднесена во законскиот рок.
Постапката е во фаза на истрага, а лицата опфатени со неа имаат статус на осомничени. Нивната вина може да биде утврдена само во судска постапка со правосилна одлука.
The post Понудата и гаранцијата од пари и имот за да се брани од слобода на Стефан Богоев не му била прифатена appeared first on Во Центар.



