Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла

Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла, објави попладнево во Вибер група, Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. 

„Повеќе информации од командатот на БППЗ Скопје, Звонко“, додаде Ангелов (Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, заб). 

Ангелов вели дека пожарот  не е алармантен.

БППЗ Скопје работи на негово гаснење.

Гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови, посочи Ангелов. 

Пронајдете не на следниве мрежи: