Популарната играчка за девојчиња се повлекува од пазарот.Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи пласирани на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправност на детска играчка и нејзино повлекување од пазарот.Во известувањето се наведува дека станува збор за сет фигури од серијата „Моето мало пони“, различни модели на играчката: светло портокалова со тиркизна грива и опашка, светло сина со шарена грива и опашка, виолетова со розова грива и опашка, секоја со различни додатоци.Производот се повлекува од пазарот поради хемиски ризици и потенцијална опасност за потрошувачите.– Главата на играчката, изработена од пластичен материјал, содржи прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) (измерена вредност до: 33% од тежината). Овој фталат може да му наштети на здравјето на децата, предизвикувајќи евентуално оштетување на репродуктивниот систем, се вели во соопштението.Што е бис(2-етилхексил) фталат (DEHP)?Бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) е фталат , хемиско соединение кое широко се користи како пластификатор, особено во ПВЦ (поливинил хлорид) материјали. Се додава во пластиката за да ја направи пофлексибилна и потрајна.Се наоѓа во кабли, подови, тапети, амбалажа, медицински цевки, играчки и многу други пластични производи.Здравствени ризициПознато е дека DEHP го нарушува хормоналниот систем (ендокрини нарушувања), може да предизвика оштетување на репродуктивниот систем, особено кај децата, може да влијае на развојот на фетусот за време на бременоста и е класифициран во ЕУ како токсичен за репродукција (Repr. 1B).Поради овие ризици, Европската Унија ја ограничи употребата на DEHP во играчки и детски производи, а во многу случаи и целосно ја забрани. Производите што содржат повеќе од 0,1% DEHP по тежина не смеат да се пласираат на пазарот на ЕУ во одредени категории, објавува Телеграф.
Пронајдете не на следниве мрежи:



