Поради неисплатени плати, поранешен вработен во фирма од Кисела Вода му го запалил џипот, а потоа со бензин го полеал и газдата

Поранешен вработен во скопска фирма од Кисела Вода вчера му го запалил џипот, а потоа со бензин го полеал и газдата.
Џипот бил паркиран на паркингот на фирмата, па вработените веднаш притрчале и го изгаснале опожарениот автомобил, чија предна лева страна била во пламен. Газдата останал полеан со бензин, а поранешниот вработен не посегнал да го запали и него откако другите вработени се симнале на паркингот да го гаснат пожарот.
Случајот во полиција го пријавил газдата. Во пријавата навел дека поранешниот вработен бил револтиран оти не му биле исплатени неколку плати.


„На 3.9.2019 во 13.43 часот во СВР Скопје, И.И. (51) од Скопје, сопственик на фирма на булеварот Србија, пријавил дека поранешен вработен во фирмата, Љ.С. (56) од Скопје, со бензин го полеал неговото патничко возило ‘бмв икс 6’, кое било паркирано на паркингот на фирмата и го запалил. Причина за тоа, според пријавеното, се неколку неисплатени плати кон Љ.С.. Огнот го изгаснале вработените, а Љ.С. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот“, извести МВР.
Поранешниот вработен, кога го запалил џипот и го полеал со бензин и газдата, воопшто не се обидел да побегне, туку мирно чекал да дојде полиција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.